Се потврди очајната лага ВМРО-ДПМНЕ, нема никаква бугаризација, вели СДСМ
Деновиве се потврди уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, асимилација и бугаризација на Македонците немаат никаква врска со реалноста, тоа е очајнички обид на Христијан Мицкоски за заплашување на граѓаните, вели СДСМ
„По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ користи опасни манипулации и тези со кои ги поткопува нашите загарантирани позиции за зачувување на јазикот и индентитетот во преговорите со Бугарија.
Нивната желба е по секоја цена да ги деградираат граѓаните со цел политички да профитираат.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ директно ја подржаа резолуцијата на ЕПП со која се бранат позициите на Бугарија и се директно на штета на нашите граѓани, додека дома глумат патриоти.
Лагите и лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат крај“, се вели во соопштението.