Македонија

„Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл“, Димитров по францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор

Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл, обвинува поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ.

„Не знам што е пострашно, да им верувам на нашиве дека го немаат предлогот или да не им верувам. Ако не се во тек со предлог што се однесува на македонските маки со Бугарија, тогаш тоа е признание дека не си ја работеле работата за најважното прашање за нацијата. Ако пак го имаат, а велат го немаат, си играат со довербата на јавноста“, вели Димитров за ДВ.

Предлогот на француското претседателство, смета екс министерот, не носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ.

На почеток