Украина: Потона рускиот брод полн со оружје и војници што го погодивме
Руски брод што доставува оружје на стратешки важниот Змиски остров потона откако беше погоден од украински ракети, потврди воен претставник доцна во петокот.
Рускиот црноморски брод-шлепер „Васили Бех“ претходно во петокот беше оштетен од противбродски ракети што Данска и ги достави на Украина.
„Подоцна се дозна дека потонал“, рече Максим Марченко, воениот гувернер на Одеса, во изјавата на неговиот канал на Телеграм.
Тврдењето не можеше да биде независно проверено, а руската страна не го коментираше случајот. Бродот, опремен со систем за противвоздушна одбрана Тор, беше погоден со ракети Харпун и тешко оштетен во петокот.
Дестинацијата на шлеперот бил Змискиот остров во близина на јужниот украински брег, кој кон крајот на февруари беше окупиран од руските сили. „Василиј Бех“ не е првиот брод што го загуби руската Црноморска флота за време на војната. Руската страна ја потврди загубата на десантниот брод „Саратов“ и на ракетниот крстосувач „Москва“.