Свет

(ФОТО) Се преврте автобус во Мексико, при што загинаа најмалку девет лица

Најмалку девет лица загинаа, а 40 се повредени кога автобус кој превезувал учесници на верски собир се превртел во јужно Мексико.

Ова денеска го соопшти локалната служба за цивилна заштита.

Како што беше наведено, несреќата се случила во државата Чипас во близина на градот Тила, пренесува АП.

Патниците присуствуваа на фестивалот Празник на телото Христово и се враќаа дома во државата Тобаско.

Причината за несреќата се уште се истражува.

На почеток