Во масакрот во Мексико девет загинати, петмина повредени: Напаѓачите пукале во штандот за храна
Девет лица загинаа, а петмина се повредени во пукање на штанд за храна во северно Мексико, јавија локалните медиуми, пренесува Anadolu.
Престрелката се случила во градот Апасео дел Гранде во државата Гуанахуато.
Според очевидци, напаѓачите прво пукале во вработените, а потоа по случаен избор кон клиентите во близина.
На подрачјето каде што се случи нападот беа распоредени голем број полицајци, а беше започната и масовна акција за апсење на напаѓачите кои избегаа.
🇲🇽MÉXICO
🚨| Y como ya se esta haciendo habitual cada domingo, lamentablemente, se registró nueva masacre, ahora en Apaseo el Grande, Guanajuato, sicarios llegaron a un puesto de cajetas y le dispararon a comerciantes y clientes.
Hay al menos 9 muertos y 5 heridos. pic.twitter.com/ielJQLQHRU— Red de Fenómenos Naturales (@calixtonavarroq) December 2, 2024
Локалните медиуми објавија дека болничар е еден од убиените во престрелката.
Службите за итни случаи соопштија дека нивниот медицински техничар починал во саботата вечерта, но не потврдија дали тој е еден од убиените во нападот.
Градовите Апасео ел Гранде и Апасео ел Алто беа погодени од масовни престрелки во последниве години поврзани со завојуваните нарко картели.
Картелот Халиско и локалната банда Санта Роса де Лима со години се борат за територија, а Гуанахуато, индустриски и земјоделски центар, со години има најголем број убиства во 32 држави во Мексико.