Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(Видео) Мексико во пламен по убиството на Ел Менчо – картелите започнаа одмазда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-libraryuf4oogevkn11ac8aOFf

Мексиканските безбедносни сили го убија лидерот на CJNG, Немесио Рубен Осегера Сервантес „Ел Менчо“, во операција на западот на земјата со разузнавачка поддршка од заедничка американско-мексиканска група. Запленети се оклопни возила и тешко оружје, а Ел Менчо наводно починал при хеликоптерски транспорт. По ликвидацијата, картелот започна бран насилство: блокирани се над 250 сообраќајници во 20 држави со запалени возила, има најмалку 14 загинати (вклучувајќи 7 од Националната гарда), се откажува настава, а Гвадалахара и Пуерто Ваљарта се парализирани. Амбасадата на САД издаде итно предупредување, а властите велат дека на повеќето места животот тече нормално. Иако ударот е историски, се предупредува дека структурата на CJNG може да овозможи опстанок и дека долгорочниот ефект врз шверцот на дрога допрва ќе се види.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Мексико западна во невиден хаос откако мексиканските безбедносни сили вчера го убија водачот на моќниот картел Халиско Нова Генерација (CJNG), Немесио Рубен Осегера Сервантес, во подземјето познат како „Ел Менчо“.

— реклама —

Неговата смрт претставува тежок удар за најмоќниот мексикански нарко-картел, но истовремено турна големи делови од земјата во насилство и блокади.

— реклама —

Како одговор на ликвидацијата на лидерот, припадници на картелот започнаа силен бран насилство низ целата држава.

— реклама —

Повеќе од 250 сообраќајници во 20 мексикански сојузни држави се блокирани со запалени возила. Властите во државите Халиско, Мичоакан и Гванахуато пријавија најмалку 14 загинати, меѓу кои и седум припадници на Националната гарда. Наставата во училиштата е откажана во неколку држави.

Гвадалахара, главниот град на државата Халиско и еден од градовите домаќини на претстојното Светско првенство, е претворена во „град духови“ – продавниците се затворени, а на граѓаните им се советува да не ги напуштаат своите домови.

Во туристичкото летувалиште Пуерто Ваљарта, облаци од густ чад се издигнуваат над хотелите, додека туристите останаа заробени без можност да стигнат до аеродромот. Американската амбасада издаде итно предупредување до своите државјани во повеќе мексикански држави да побараат безбедно засолниште.

Според мексиканското Министерство за одбрана, операцијата се одвивала на западот на земјата. Војската се соочила со силен отпор, при што четворица членови на картелот биле убиени, а тројца тешко ранети и подоцна им подлегнале на повредите. Меѓу нив бил и самиот Ел Менчо, кој, според првичните информации, починал за време на хеликоптерскиот транспорт кон Мексико Сити.

Запленети се оклопни возила и тешко оружје, вклучувајќи ракетни фрлачи. Операцијата била изведена со разузнавачка поддршка од заедничка американско-мексиканска оперативна група, под силен притисок на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за поодлучна борба против картелите.

Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум им честиташе на безбедносните сили, но ја повика нацијата да остане информирана и смирена, додавајќи дека во поголем дел од земјата активностите се одвиваат нормално.

Немесио Осегера Сервантес, познат како Ел Менчо, поранешен полицаец, беше еден од најбараните бегалци во светот. Американската влада нудеше награда до 15 милиони долари за информации што би довеле до негово апсење.

Под негово водство, картелот Халиско Нова Генерација прерасна од здружение на одгледувачи на авокадо во империја одговорна за значителен дел од дрогата што влегува во САД, преземајќи примат од картелот Синалоа. CJNG стана познат по екстремна бруталност, но и по користење современи технологии, како дронови вооружени со експлозив.

Иако ликвидацијата на 59-годишниот Ел Менчо претставува историски успех за безбедносните сили, американските и мексиканските претставници предупредуваат дека хиерархијата на картелот овозможува негов понатамошен опстанок и дека допрва ќе се види какво долгорочно влијание ќе има овој удар врз протокот на дрога кон Соединетите Американски Држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye1mf8950ieibdx8b4ll

Кој беше Ел Менчо, наркобосот по чие убиство Мексико се претвори во воена зона

Свет | пред 51 минута

media-librarytrb5l4fb2eb91Rd4qPn

(Видео) Судири и насилство во мексички туристички центар по ликвидацијата на најбараниот нарко-бос во Мексико

Свет | пред 15 часа

media-libraryfnd9t80el03u8W9v0g5

Убиен „Ел Менчо“, најбараниот нарко-бос во Мексико

Свет | пред 15 часа

media-librarygikvth9795cn16iDLNY

(Видео) „Луд танц” на згради за време на земјотресот во Мексико

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања