Мекдоналдс ќе и плати 1,2 милијарди евра на Франција поради даночниот спор
Мекдоналдс се согласи да плати 1,2 милијарди евра казни и долгови за да го реши даночниот спор во Франција.
Со ова заврши долгогодишната истрага за тоа дали американскиот ланец за хамбургери правилно ги пријавил сите свои приходи во земјата.
Случајот се заснова на обвинувања кои првпат се појавија во 2014 година, дека Мекдоналдс ги пренасочил надоместоците што ги плаќале неговите ресторани со франшиза кон компании во други земји, со што го намалиле својот оданочен приход во Франција и со тоа ја оштетил таа земја, пренесува Investor.
Француските медиуми тогаш објавија дека властите внимателно ги проверуваат финансиските извештаи испратени до филијалата во Луксембург. Полицијата потоа изврши претрес во седиштето на компанијата во Париз како дел од истрагата.
Адвокатите на Мекдоналдс рекоа дека спогодбата не е признание за вина.
„Тоа е судски договор… да се избегне судење, што е многу долг и неизбежно неизвесен процес“, им рече на новинарите адвокатот Денис Чемла.
Спогодбата е слична на договорот од милијарда долари што Google, сега Alfabet Inc, го постигна во 2019 година со цел да се стави крај на францускиот случај во кој исто така беше обвинет за нефер пренос на профит.
Мекдоналдс има 1.500 ресторани во Франција, од кои многу се франшизи кои плаќаат надомест на компанијата за користење на брендот, системи за информатичка технологија и дизајн на ресторани.
Во соопштението од четвртокот, Мекдоналдс рече дека е постигнат фискален договор – ставајќи крај на даночната и кривичната постапка против него.
Исто така, беше објавено дека компанијата платила повеќе од 2,2 милијарди евра даноци во Франција и отворила речиси 25.000 работни места.