Романија ќе купи 32 борбени авиони од Норвешка
Од
Објавено на
Романската влада одобри купување на 32 користени борбени авиони Ф-16 од Норвешка.
Се проценува дека Романија ќе одвои 454 милиони евра за набавка на авиони и плаќање на услуги за логистичка поддршка и одржување, соопшти Министерството за одбрана на таа земја, пренесува Ројтерс.
Членката на НАТО Романија има мала флота од 17 борбени авиони Ф-16 што ги купи од Португалија во 2016 година, а авионите од Норвешка ќе ѝ обезбедат уште две воздушни ескадрили, наведува Ројтерс.