Свет

Западното оружје кое пристигнува во Украина завршува и во руски специјализирани институти, вели Борисов

Западното оружје и опрема запленети во Украина ги проучуваат специјализирани руски институти, изјави рускиот вицепремиер Јуриј Борисов.

Борисов додаде дека не мисли оти ќе бидат откриени детали за руската технологија бидејќи руската армија во Украина користи ново оружје, како што е ракетниот комплекс „Кама“, пренесува Спутник.

„Оружјето е премногу сложен производ со висока технологија, дури и ако го расклопите на компоненти и се обидете да ги произведете, тоа не мора да значи дека ќе ги добиете истите технички параметри“, рече Борисов, пренесува Спутник.

Тој додаде дека предавањето на воената опрема од советско и руско производство на Украина е кршење на меѓународните обврски и дека Русија ќе ја уништи пред да стигне до борбената зона.

„Земјите на НАТО буквално цицаат различно оружје од цела Европа, кое во советско време го доставувавме до земјите од Варшавскиот пакт. Тие го склопуваат, поправаат и го предаваат тоа оружје и резервни делови на вооружените сили на Украина. Што да се прави со тоа? „Ќе преживееме, ќе се бориме и ќе ја уништиме таа техника пред да почне да се користи во борба“, изјави Борисов на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, пренесува Спутник.

На почеток