Коментари

Димовски објави упатство за работа за лица кои се на власт, а не знаат што треба да прават

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави упатство за работа, наменето за лица кои се на власт а не знаат што треба да прават.

„Упатство за работа:
*го користат лица кои се на власт, а не знаат што треба да прават…
1. Се одбива предлогот
2. Се менуваат министрите за надворешни и европски (најмалку)
3. Се зазема цврста национална и државна политика
4. Се формира тим за решавање на проблемот со Бугарија
5. Се прогласува крај на било какви разговори за историја, идентитет и јазик
6. Се зајакнуваат билатералните односи со клучните држави
7. Се распушта Собрание и се бара политичка одлука за иднината од граѓаните
Ова ако сакате да имаме држава и да влеземе некогаш во ЕУ…
Ако не, нека ви е со среќа…
П.С. Времето за преговори за членство во ЕУ со ваква рамка е подолго од времето потребно за одбивање на овој предлог, добивање во некоја иднина нов и завршување на преговори врз база на нормалните процедури во ЕУ…“, вели Димовски

На почеток