Скопје

Запалени ниви со житни култури во Илинден

На 17.06.2022 околу 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Илинден, на патот за населба Јурумлери, настанал пожар во нива засадена со житни култури, сопственост на С.К.(67) од населба Илинден. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 17.06.2022 во 16.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Илинден, на место викано „Вршник“, настанал пожар на нива со површина од околу 30 хектари, засадена со јачмен, а сопственост на повеќе лица. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На почеток