Скопје

Му ги вратил парите, но со закана сакал да му земе повеќе

На 17.06.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Карпош, 30-годишник од Скопје пријавил дека лицето М.„Н“ му се заканувало и му барало пари. Според пријавеното, тој претходно земал пари од М.„Н“ и му ги вратил, но М.„Н“ продолжил да му се јавува и заканува и да му бара уште пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток