Отворено студио пред влада: Оваа река на народ кажува дека е премногу од политиките на владата на СДСМ
Она што се случува е заокружување на една авантура во која оваа власт влезе пред пет години со промената на името на државата и го отвори процесот на нејзиното обезличување така што ова е едно крешчендо што се случува во односите со Бугарија. Односно заокружување на еден процес кој почна со преспанскиот договор а треба да се заврши со договорот за добрососедство со Бугарија“ истакна поранешниот амбасадор и професор Звонимир Јанкуловски во Отвореното студио пред влада на Протестот за промени – Премногу е!.
Јанкуловски истакна и дека власта не доведе до ситуација на маѓепсан круг во надворешните односи и безалтернативност.
Оваа авантура како што гледате во основа не доведе до ситуација на еден маѓепсан круг, круг на безнадежност, безизлезност и она што е најтрагично за една надворешна политика а тоа е безалтернативност. Она што оваа влада ни го понуди е без алтернативноста во надворешната политика и би рекол наивноста да не употребам полош збор затоа што да верувате на ветување во надворешната политика е малку повеќе од наивно. Да немате исцртани црвени линии односно национални интереси кои треба да ги следите во надворешната политика тоа е многу страшно, тоа го видовме, а кога немате исцртани јасни национални интереси ова што ви се случува е само последица на тоа, додаде Јанкуловски.
Во надворешната политика доминантен е интересот а не љубовта или довербата едни кон други така што оваа влада токму тоа го запостави. Наместо да се концентрираме на реформите и внатре во државата целиот напор што владата го прави е надворешно политичко рекомпонирање или репозиционирање на Македонија, притоа губејќи го она суштинското она битното а тоа е идентитетот на државата, изјави тој.
Игор Николов, претседател на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ вели дека се праќа јасна порака дека на народот му е доста и бараат компетентно и професионално решавање и на здравствената и на останатите кризи и дека едно е сигурно, вака не смее да продолжи.
Изминативе години сведоци сме на неспособност. Ние бевме сведоци на криза без преседан менаџирана на најнеспособен начин која ја плативме со големи жртви. Пораката која доаѓа денеска е дека после таа здравствена криза, неспособни се да лечат економска криза, изјави Николов.
Николов како пример за неспособното работење на СДСМ потенцираше дека дојде фактурата за прекинување на проектот за клинички Мајка Тереза и таа чини 8,5 милиони евра затоа што договорот е прекинат.
Според универзитетската професорка и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, Собранието личи на сопственост на Претседателот на Собранието, а тој не личи на Претседател на Собранието туку на Каудиљо.
Собранието личи на сопственост на Претседателот на Собранието, а тој не личи на Претседател на Собранието туку на Каудиљо. Човек кој доаѓа 2 саати по предвиденото време, кој си дава збор кога сака и зборува колку сака тогаш тој е човек кој не верува во демократијата. Собранието е затворено. Единствената комисија која е Уставна е комисијата за заштита на слободите и правата. Таа не може да се состане бидејќи требало согласнот од Претседателот, рече Силјановск Давкова во Отвореното студио пред влада на големиот протест за промени – Премногу е!
Извештаите за работата на различни органи сеуште не се дневен ред. Ова е единственото Собрание на планетава кое нема календар. Кој диктира кога ќе имаме седници ? Тоа е Претседателот. Тоа го нема никаде во Европа, затоа таквото Собрание не треба да постои. Потребни се нови парламентарни избори на кое ние навистина ќе се водиме од она што се нарекува „Жан Моне“ процес воден од европскиот парламент, објасни Силјановска Давкова.
Линковско вклучување во Отвореното студио имаше и пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков вели време е владата да се освести и веднаш да се оди на предвремени парламентарни избори, како и дека молкот не опција, масовниот протест покажал дека граѓаните сакаат сами да одлучат за својата судбина и иднина.
Огромни реки од луѓе одат кон владата и покажуваме и докажуваме дека е жива Македонија. Молкот не е опција затоа што оние кои ја водат државата не можат да не го сакаат сопствениот народ. Не можете да ја водите државата а да бидете криминалци, не можете да ја водите државата а да не го слушате гласот на народот. Овде пред владата сме да порачаме еве го тој напатен македонски народ кој што секој ден живее потешко со политиките на оваа влада, со оние кои што не се избрани од никого а седат во владата и ги трошат народните пари. Овде сме да им порачаме дека секој од нас има право на глас и бараме што побрзо предвремени парламентари избори, за да можеме ние и овој народ кој што ќе го видите оваа вечер сам да одлучува за својата судбина, судбината и иднината на нашите деца. Бараме владата конечно да се освести и предвремени парламентарни избор, неизбраниот да си оди од власт, порача Лефков.