Македонија

Да си ја вратиме земјата во наши раце, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, вели Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија! И за Македонците! И за Албанците! И за Турците! И за Србите, Власите и Бошњаците, Ромите, Египќаните и сите останати! Тука сме за сите ограбени, понижени и обесчестени граѓани на Македонија! Им подаваме рака на сите! Придружете ни се во нашата борба за нашата мајка Македонија, кажа претседателот проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашниот протест пред владата по мотото – Премногу е, изјави Христијан Мицскоски на вчерашниот митинг пред владата.

Тој потенцира дека ни е потребно е обединување и општествена поддршка. Кажа дека нема инстант победи, но дека ВМРО-ДПМНЕ почнува и од сега па натаму продолжува низ градовите и улиците да се бори. До конечен пад на оваа корумпирана и криминална власт.

„Ми велат – има ли светло на крајот од тунелот. Јас велам има! И јас не само што го гледам тоа светло, туку ве повикувам заедно да чекориме до тоа светло! Светлото на крајот од тунелот значи да ја промениме власта и да обезбедиме сите наша заедничка перспектива и иднина.

Да ја вратиме надежта и еланот во нашите срца како тој 8 септември 1991 година. Овие избори да не бидат избори за власт, туку референдум за Македонија. Да дојде нова генерација способни луѓе која ќе направи нов пресврт, нова страница и нова епоха за Македонија“, потенцира тој.

Претседателот кажа и дека мора да обезбедиме повеќе работни места, повеќе пари за граѓаните. Напредок во културата, здравството и образованието. Буквално да се постават темелите на новиот патриотизам.

Да си ја вратиме земјата во наши раце, во рацете на народот, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, заклучи Мицкоски.

На почеток