Македонија

22-годишник сакал со нож да ја нападне мајка му

Уапсен e млад велешанец кој вчера сакал со нож да ја избоде својата мајка.

Во 17:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.П.(22) од Велес затоа што се однесувал агресивно во семејниот дом и се обидел со остар предмет да ја нападне неговата 45-годишна мајка.

Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветен поднесок.

На почеток