Македонија

Македонецот кој се удави во Црна Гора е од Тетово

Момчето кое се удави во Црна Гора е од Тетово.

Maкедонското Министерството за надворешни работи(МНР) ја потврди веста објавена во црногорските медиуми дека 22-годишно момче од Македонија починало во Црна Гора.

„Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека наш државјанин, Е.Х. роден 2000 година во Тетово, му е констатирана смрт во туристичкото место Утјеха“, велат од МНР.

Во тек е обдукција за цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорски институции.

На почеток