Коментари

Во 2019 рекоа дека датумот речиси сме го добиле, па во меѓувреме се скараа заради фотељата што едниот му ја ‘зема’ на другиот, вели Милошоски

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави статус во кој накратко ја опиша македонската дипломатија.

„Во јуни 2019 Димитров и Бујар беа заедно во Париз на средба со тогашниот држ.министер за ЕУ прашања Моншален, при што насмеани ни испратија изјави дека датумот речиси сме го добиле. Така манипулираа пред нашите избори.

Овој јуни на француските избори министерката Моншален изгуби од опозиционерот Жером Геџ, во кампањата не ги спомна ни Бујар ни Димитров ни Македонија. Имагинарниот датум што го дебатираа во Париз, сега во плико, полно со историја и билатерални стапици и предуслови, е испратен во Софија, а двајцата насмеани министри од 2019та во меѓувреме се скараа заради фотељата што едниот му ја “зема” на другиот. Така отприлика овие години изгледа кредибилитетот и некадарноста на македонската дипломатија“, вели Милошоски.

На почеток