Свет

Унгарија понуди своја територија за транспорт на жито од Украина

Унгарија ја понуди својата територија како можна рута за извоз на украинско жито поради прекинот на вообичаените рути преку Црното Море предизвикан од руската воена операција во таа земја, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто, кој го претстави предлогот на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија, исто така рече дека не очекува прекин во испораките на руски гас за Унгарија, пренесува Ројтерс.

На почеток