Свет

Песков: Забраната за транзит до Калининград е без преседан и незаконска

Забраната воведена од Литванија за транзит на стока во руската област Калининград е без преседан и незаконска, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Оваа одлука е навистина без преседан. Таа ги крши сите можни правила. Разбираме дека тоа произлегува од одлуката на Европската унија да ги прошири санкциите за транзитот на стоки. Сепак, сметаме дека тоа е незаконско – истакна Песков, пренесува ТАСС.

На почеток