Свет

Калас: Естонија е посветена на влезот на Западен Балкан во ЕУ

Естонија е силно посветена на пристапот на Западен Балкан во Европската унија, но очекува земјите кандидати да се усогласат со одлуките и позициите на ЕУ за прашањата на надворешната и безбедносната политика, вклучително и воведувањето санкции кон Русија, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас.

Таа во интервју за подгорички „Вијести“ посочи дека ЕУ и Западен Балкан се многу поврзани, така што стабилноста и безбедноста на Западен Балкан влијаат на ЕУ.

Силно го поддржувам продолжувањето на процесот на проширување на ЕУ во Западен Балкан“, рече таа.

Важно е партнерите од Западен Балкан да бидат посветени на европските вредности и принципи со спроведување на реформи кои се во интерес на нивните граѓани, рече Калас.

„ЕУ е убедливо најблискиот партнер во регионот, голем инвеститор и донатор, вклучително и значајни инвестициски пакети договорени наесен, кои ќе соберат 30 милијарди евра за партнерите од Западен Балкан за спроведување на економските и социјалните реформи, вклучително и стимулации за зелена и дигитална транзиција“, рече таа.

Таа рече дека усогласеноста со ЕУ кога станува збор за надворешната и безбедносната политика не е техничко прашање, туку покажува дека земјата кандидат ги дели истите вредности.

– Ги пофалуваме земјите кои ја разбираат оваа клучна потреба и кои брзо и целосно се приклучија на санкциите против Русија и апелираме до другите да ги следат овие примери – нагласи Калас.

На почеток