Свет

Борељ: Литванија не ги спроведува своите санкции, туку европските

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ денеска ги отфрли тврдењата на Русија.

Борељ ги отфрли тврдењата дека Литванија применува свои, национални санкции со блокирање на транзитот на одредени стоки до Калининград и изјави дека санкциите на ЕУ се доведени во прашање.

„Тоа е чиста пропаганда. Литванија не ги презема ниту ги спроведува своите еднострани национални санкции против Русија, туку санкциите наметнати од Европската унија“, рече Борел на прес-конференција во Луксембург, по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Тој потсети дека ЕУ воведе забрана за транзит низ нејзина територија за одредени стоки и дека Литванија постапува во согласност со нив, пренесува Хина.

Русија ја предупреди Литванија дека ќе преземе одредени мерки за заштита на нејзините национални интереси доколку земјата итно не ја укине забраната за транзит на стока до Калининград, но не прецизираше кои се тие мерки.

На почеток