Падна хеликоптер во Јоркшир, две лица загинаа, а по едно се трага
Две лица загинаа откако хеликоптер паднал во полето, потврди полицијата во Јоркшир. Според првите информации, се сметало дека во авионот имало три лица, пренесува Мирор.
Полицијата во Северен Јоркшир потврди дека две лица загинале во страшна несреќа што се случила на патот кон Бентам нешто пред пладне.
На лице место биле пожарникари и воздухопловна брза помош, пишува Телеграф.
Бен Слингер (35) за медиумите изјави дека им било кажано дека во хеликоптерот имало пилот и најмалку уште едно лице.
– Се запали хеликоптерот. Слушнавме дека пилотот е жив, но дека уште едно или две лица можеби ја преживеале несреќата. Ништо не слушнавме додека не ја видовме брзата помош како доаѓа на местото на настанот – вели тој.