Свет

Соборен хеликоптер на ОН

Хеликоптер на мировната мисија на Обединетите нации во Демократска Република Конго беше соборен од бунтовниците на истокот на земјата.

Во хеликоптерот имало најмалку осум лица, соопшти војската на Конго, пренесува Ројтерс.

Станува збор за бунтовничката група М23, која во понеделникот нападна две воени позиции на границата со Уганда и Руанда.

Борбите продолжуваат и денеска, на 50 километри североисточно од градот Гома.

To Top