Актуелно

Москва: Вашингтон да се врати на неполитизиран, професионален дијалог за нуклеарната безбедност

Москва го повикува Вашингтон да се врати на неполитизиран, професионален дијалог за нуклеарната безбедност, изјави денеска рускиот амбасадор во САД.

Запрашан од новинарите за коментарите на американската потсекретарка за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност Бони Џенкинс, која тврди дека Русија создава нуклеарни ризици во Украина, рускиот амбасадор Анатолиј Антонов рече дека тоа е „русофобна реторика“, пренесува Тас.

„Ваквите изјави се уште еден обид за пренесување на русофобната реторика на меѓународните платформи. Го повикуваме Вашингтон да се врати на неполитизиран, професионален дијалог во областа на нуклеарната безбедност“, изјави рускиот амбасадор во САД, пренесе Тасс.

To Top