Португалија не смее да ги потцени македонските фудбалери, вели Си-ен-ен
Во пресрет на вечерашниот натпревар на репрезентацијата на Македонија против Португалија во рамките на финалниот бараж за светското првенство во Катар, аналитичари на Си-ен-ен велат дека Португалија ќе треба да одигра најдобро што знае доколку сака да се најде на Мундијалот и дека иако важи за фаворит, сепак не смее да ги потцени македонските фудбалери.
„Северна Македонија е фантастична приказна и покажа дека ниту еден тим не смее да биде потценет кога станува збор за квалификација на турнир од вакво ниво. Тие ја победија Германија на гости пред една година, ја победија Италија на гости минатата недела, што значи дека Португалија не смее да ги потцени и тие знаат дека им е потребен најдобар настап за да победат вечева. Португалија покажа и дека знае да одигра најдобро кога тоа се бара од нив, сигурни се во себе, но знаат и дека не смеат да ја потценат Северна Македонија, кои досега направија многу за да стигнат до овде и сонуваат за уште една ноќ за паметење“,се вели во анализата на Си-ен-ен во пресрет на вечерашниот натпревар.