Свет

Хеликоптер се урна на автопат, загинаа шестмина

Хеликоптер што се користел за туристички летови се урна на автопат во американската сојузна држава Западна Вирџинија.

Во таа прилика загинаа шест лица, јавува Ројтерс, повикувајќи се на локалните медиуми.

Хеликоптерот, кој полета од аеродромот во округот Логан, се урнал на Државниот пат 17 во средата и бил во пламен кога спасувачките екипи пристигнале на местото на настанот, јави WSAZ-TV, цитирајќи ја окружната агенција за вонредни состојби.

Државниот пат 17 се очекува да остане затворен во следните 24 часа поради истрагата спроведена на местото на несреќата од страна на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот и Федералната управа за авијација, изјави претставник на округот Логан.

Беше објавено дека се работи за хеликоптер BellUH-1B од Виетнамската војна, а повеќе детали за овој инцидент засега се непознати, јавува Ројтерс.

На почеток