Свет

Напад во Нов Зеланд, ранети четири лица

Во Нов Зеланд напаѓач денеска со нож рани четири лица, пред случајни минувачи да го соборат на земја и да го сопрат, соопшти полицијата.

Претставник на полицијата изјавил дека нападот во Окленд, кој траел помалку од 10 минути, бил случаен и дека осомничените се во притвор, пренесува Ројтерс.

Беше речено дека нема индиции дека се работи за кривично дело од омраза, бидејќи жртвите биле од различен пол, националност и возраст, а беше истакнато дека полицијата брзо реагирала, го уапсила сторителот и спречила поголем број жртви.

Се наведува и дека сите ранети се со умерени повреди.

Случајни минувачи кои случајно се нашле на местото на инцидентот го следеле осомничениот и го опколиле по почетокот на нападот, а еден од нив го соборил со помош на патерици за одење, соопшти полицијата.

Беше прецизирано дека мажот носел голем нож и дека имал умерени повреди при апсењето, како и дека поради тоа бил хоспитализиран.

На почеток