Петков по падот на Владата: Ќе продолжиме да ја водиме битката против мафијата во Бугарија
Бугарскиот премиер Кирил Петков откако беше симнат од власт со 123 гласа „за“, одржа свој говор. Тој кажа дека и натаму ќе се бори за да ги добие и новите избори. Доби аплауз од дел од пратениците.
„Беше често да ја водам Владата. Тоа што сакам да биде јасно е дека ова гласање е мала претстапка. Ова што треба да го разбереме, дека вака не може да се добие довербата на граѓаните. Ние ќе продолжиме да ја водиме битката за Бугарија без мафија, односно успешна европска држава“, кажа Петков.
Се враќа политичката неизвесност во Бугарија. Поради лошото финансиско раководење и политиките кои ги води, бугарското Народно Собрание одлучи да падне Владата на Кирил Петков. Вкупно гласаа 239 пратеници, 123 беа „за“, а 116 „против“, а пак, немаше воздржани.