Свет

Падна Владата на Кирил Петков во Бугарија

Се враќа политичката неизвесност во Бугарија. Поради лошото финансиско раководење и политиките кои ги води, бугарското Народно Собрание одлучи да падне Владата на Кирил Петков. Вкупно гласаа 239 пратеници, 123 беа „за“, а 116 „против“, а пак, немаше воздржани.

Претходно, за дневниот ред гласаа 239 пратеници, од кои 238 „за“ да се одлучува за довербата на Влада. Георги Свиленски од Пратеничката група на социјалистите кажа дека ова е важен ден за Бугарија.

Барање за недоверба на владата минатата недела поднесе опозициската партија на десниот центар ГЕРБ, незадоволна од начинот на кој владата ги води јавните финансии и економската политика и зголемената инфлација од над 15 отсто.

На почеток