Свет

Дојава за бомба во Палатата на правдата во Белград

Дојава за бомба во Палатата на правдата денеска во 12.16 часот жена испратила до седиштето на Вишиот суд во Белград.

Како што дознава Танјуг, жената рекла дека бомбата во Палатата на правдата ќе експлодира во 14 часот, поради што зградата е евакуирана и во тек е проверка на полицијата.

Зградата на Палатата на правдата е седиште на Вишиот суд, Вишото јавно обвинителство, Вториот основен суд и Второто основно јавно обвинителство.

На почеток