На средбата најавена за попладне, премиерот Зоран Заев сака да слушне што ја загрижува Беса на Биљал Касами околу уставните измени. Заев вчера изјави дека ќе стори се за да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на уставните амандмани. Најави дека ќе има средба и со Зијадин Села од Алијансата на Албанците. Од двајцата рече дека очекува сериозност и одговорност. Беса предлага 4 уставни амандмани кои се однесуваат на тоа албанскиот јазик да биде службен во целата земја, државата да се грижи подеднакво за граѓаните од сите етнички заедници кои живеат во дијаспората, претседателот на државата да не може да го блокира донесувањето на законите со непотпишување и Охридскиот рамковен договор да биде дел од преамбулата на Уставот. Инаку партиите на Касами и Села во Собранието имаат вкупно 4 пратеници потребни за создавање на неопходното двотретинско мнозинство. Последната фаза од имплементацијата на Договорот од Преспа почнува со собраниската седница на 9-ти јануари.
Мене ми е драго што сугестиите и на двете опозициски партии од апланскиот блок делуваа позитивно, досега беа конструктивен фактор во носењето на уставните одлуки околу уставните амандмани. Не само што ја поддржуваат интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, туку денеска се веќе и вграден дел во новите уставни амандмани со сугестиите по пат на дебата кои што ги дадоа, тие се вградени. Сакам денеска да слушнам што е тоа што ги загридува нив, нивните гласачи, нивните поддржувачи или слично, веројатно токму тоа е причината за разговорите“- изјави Зоран Заев , претседател на Влада на РМ.