Магазин

Објавено кој ќе настапува на Ohrid calling

Авалон продукција ја објави програмата за овогодинешниот Охрид колинг кој ќе се одржии од 29 јули до 01 август.

„ТIMMY TRUMPET, LOST FREQUENCIES, W&W, И VINI VICI
– HEADLINE-РИ НА СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ЕЛЕКТРОНСКИ ФЕСТИВАЛ OHRID CALLING, ИЗДАНИЕ 2022!
29 ,30, 31 ЈУЛИ И 01 АВГУСТ, КАСАРНА ОХРИД
На верното племе кое цела година ја планира според Оhrid Calling, како и случајните посетители кои веќе одамна не се случајни, со огромно задоволство му најавуваме дека оваа година фестивалот се враќа на стариот pre – corona сјај со својот line up!
Како хедлајнери ги имаме:
Во моментов апсолутно најатрактивната DJ ѕвезда ТIMMY TRUMPET со својата балканска премиера, омилениот LOST FREQUENCIES кој и самиот не знае колку хитови има… Big Room пионерите W&W и милениците на македонската публика VINI VICI!
Со нив, исто така премиерно на балканот, Blasterjaxx и Will Sparks, како и детето на Оhrid Calling, GALOSKI кој оди напред во својата кариера со светлечка брзина!
Тука се и нашето братско дуо CYRILLIC, Howard Hill, Divolly Markward, Chico Rose, Nicholas Adams, RASTIK, Lady Lee, Delovski, Christian Karan, Kemaro, Erick Kassel, Jana Slayy, Yaksa и DJS FROM MARS!
Влезниците се во продажба од понеделник (20ти јуни) на нашата продажна мрежа низ Македонија како и онлајн на avalon.mk“, стои во објавата.

На почеток