Свет

Украинскиот суд забрани проруска партија

Украинскиот суд ја забрани проруската партија „Опозициска платформа – за живот“ на чело со Виктор Медведчук, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Ова денеска го соопшти украинското Министерство за правда.

Во соопштението се наведува дека судот во западниот град Лавов одлучил да и го префрли на државата целиот имот, средства и друг имот што и припаѓа на таа партија, на чело со Медведчук, инаку богат бизнисмен обвинет за предавство, пренесе Ројтерс.

Министерството постапи според законот усвоен од парламентот минатиот месец, кој му дозволи да оди на суд за да бара забрана за партиите чии активности се сметаат за закана за Украина.

Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана препорача оваа дефиниција да се примени на партијата на Медведчук, втората по големина во парламентот.

„Судот ја забрани работата на политичката партија „Опозициска платформа – доживотно“. Одговарајќи на тужбата на Министерството за правда, донесе одлука Осмиот управен апелационен суд“, соопшти Министерството на Фејсбук.

Партијата се спротивстави на одлуката на парламентот да ја признае Русија како државен агресор по референдумот за припојување на Кирм кон Русија во 2014 година и ги поддржа, според Ројтерс, сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина.

Нејзините пратеници претпочитаа блиски врски со Москва наместо интеграција со Европа, наведува британската агенција. На Медведчук му се заканува затворска казна до 15 години доколку биде осуден за предавство и кршење на законите или обичаите на војната.

To Top