Скопје

Арсовска ги покачи платите во Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со репрезентативниот синдикат на вработените потпиша зголемување за сите работници во градската администрација од 2800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата.

– Градот Скопје е прва институција која врши линеарно зголемување за усогласување на платите согласно барањата на репрезентативниот синдикат на Град Скопје, а во интерес на унапредување на работничките права. Со ова усогласување се излегува во пресрет на потребите на вработени на Град Скопје, со цел амортизирање на негативните ефекти од двоцифрената инфлација и економската криза со која се соочени, истакна Арсовска.

Со зголемувањето на платите се опфатени сите административни службеници, вработените во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и вработените ангажирани согласно ЗРО.

– Во насока на унапредување на правата и вреднување на трудот, се презема се што е во рамки на нашите можности, имајќи во предвид дека сакаме да мотивираме работен процес преку кој се испорачуваат ефикасни, ефективни и квалитетни услуги за граѓаните, додаде Арсовска.

На почеток