Свет

(ФОТО) Тензично пред бугарското Собрание, во моментот кога се одлучува дали Петков ќе остане премиер

„Оставка“ и „Избори“ скандираат демонстрантите пред Собранието на Бугарија на денот на гласањето недоверба на владата на Кирил Петков, јавува репортерот на БГНЕС.

„Сакаме оставка од овој кабинет затоа што пропадна во сите области“, рече градоначалникот на Белица Радослав Ревански, кој е еден од организаторите на протестот на кој присуствуваат и локални претставници од целата држава.

Според него, овие министри кои дојдоа од странство не се грижат за Бугарија и ќе направат се за да ги протераат бугарските граѓани од нивната татковина.

На почеток