Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди островите Бонин во Јапонија.
Ова го соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од 60 километри, додава EMSC.
Да потсетиме, вчера, на 20 јуни, земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот полуостров Ното, во префектурата Ишикава. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри во близина на градот Сузу, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
