Договорите за струја во ГТЦ двојно помали, откако Бајрам престана да „копа“ биткоини
Последниот договор на АД ГТЦ со ЕСМ продажба ДОЕЛ склучен лани на 16 ноември за годишна набавка на електрична енергија е за 6.359 мегаватчаса. Лани истиот договор бил за 12.779 мегаватчаса. Наеднаш истите дуќанџии, истата компанија има потреба за двојно помалку струја. Лани во ноември од магацините на ГТЦ беа изнесени бројни ригови инсталирани за потребите на Елвис Бајрам за „копање“ на биткоини, пишува МКД.мк
Според последниот годишен договор за снабдување со електрична енергијата, АД ГТЦ за 40 милиони денари, без ДДВ, купува струја по цена од 6.291 денар по мегаватчас. Тоа значи дека проценката на АД ГТЦ за периодот од 1 декември 2021 до 30 ноември годинава е дека се потребни 6.359 мегаватчаса.
Потписниците на овој договор и во ноември 2020 година се договориле за снабдување со електрична енергија од 1 декември 2020 до 30 ноември 2021 година исто така за 40 милиони денари (без ДДВ) ама по цена од 3.130 денари за мегаватчас или 12.779 мегаватчаса.
Целиот текст можете да го прочитате тука