Целата ЕУ е киднапирана од Бугарија, ќе добиеме уште едно „Не, извини“, вели Рама
Од
Објавено на
Премиерот на Албанија, Еди Рама изрази песимизам за почетокот на преговорите со Европската унија. Рама на Твитер напиша дека ЕУ е киднапирана од Бугарија, и дека според неговите очекувања ЕУ повторно ќе каже „Не, извини“ за Северна Македонија и Албанија.
– Ние долго разговаравме со лидерите на Србија и Северна Македонија за идниот самит на ЕУ. Се гледа дека уште едно „Не, извини“ ќе биде тоа што ќе го слушнеме на крајот! Целата Унија киднапирана од Бугарија не е добар спектакал за да се гледа! Што да се прави таму?!, напиша Рама.