Актуелно

Во Украина пристигнуваат тенкови произведени во Југославија

Словенија и подари на Украина 35 оклопни амфибиски возила БВП М80А, произведени во поранешна Југославија, за кои во договор со САД ќе добие компензација за набавка на опрема за словенечката армија, јавуваат словенечките медиуми.

Возилата веќе со железница се испратени во Полска и Украина.

Нивната деконзервација траеше неколку недели, а побрзото испраќање помош на украинската армија која и се спротивставува на руската агресија досега беше спречено поради логистички тешкотии поради положбата на Унгарија, која не дозволува транспорт на оружје за одбрана на Украина низ нејзината територија, според ПОП-ТВ.

Словенија во договорот со САД ќе добие средства од американската влада за набавка на оружје и опрема за словенечката армија, во износ поголем од оној за кој беше испратена проценетата опрема во Украина.

На почеток