Македонија

Ќе преземат ли МВР и прилепското ОЈО нешто по објавата дека се зема мито за вработување?

Секоја професионална институција досега би постапила по службена должност и би се заинтересирала за расчистување на фактичката состојба поврзана со тврдењето на вработена во општина Прилеп, која на својот Фејсбук профил имаше објава дека и кажале како за втор случај било земано мито во Прилеп и Општина Кривогаштани за вработување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Истата вработена, позната по нејзиниот професионален интегритет, долгогодишното искуство во новинарското истражување побара од МВР да го расчисти случајот. Прашуваме дали МВР досега презеде нешто околу ова? Дали постојат осомничени лица, дали можеби е извршен и распит на истите? Бараме под итно градоначалникот на Прилеп да даде изјава околу оваа констатација и да ги посочи можните сторители. Нека се изјасни за овој скандал од невидени размери затоа што прилепчани заслужуваат одговор на ова прашање, велат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток