Свет

Пленковиќ разговараше со Зеленски: „Жалиме за бројните невини жртви на војната и продолжуваме да и помагаме на Украина“

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во вторникот вечерта телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според неговиот официјален Твитер профил, во пресрет на самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ, Пленковиќ ја изразил поддршката на Хрватска за напорите на Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

„Жалиме за бројните невини жртви на војната и продолжуваме да и помагаме на Украина, која денес ја брани својата слобода и вредностите на цела Европа“, напиша Пленковиќ на Твитер.

На почеток