Актуелно

Бугарскиот парламент денес ќе гласа недоверба на Владата на Петков

Бугарскиот парламент почна расправа за барањето за гласање недоверба на малцинската влада на премиерот Кирил Петков, за што денеска треба да одлучуваат пратениците.

Барање за недоверба на владата минатата недела поднесе опозициската партија на десниот центар ГЕРБ, незадоволна од начинот на кој владата ги води јавните финансии и економската политика и зголемената инфлација од над 15 отсто.

Доколку се изгласа недоверба, Бугарија би можела да се врати во политичката неизвесност, пишува АП и потсетува дека минатата година беа одржани три одделни изборни циклуси, по кои следеше политичка криза.

Коалицијата на премиерот Петков контролира 109 од 240 места во парламентот.

На почеток