Зелено светло за Албанија и Македонија најави Борисов, со поддршка на предлогот на Франција
„Разговарав со пратениците на ГЕРБ и ги прашав дали ми веруваат да го поддржам предлогот на Франција. Ако се осмели овој кукавица и лажго, ќе има поддршка од 59 пратеници и зелено светло за Република Северна Македонија и Албанија“, најави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
„Верувам во Макрон и во ЕУ. Се што е добро во Бугарија доаѓа од ЕУ. ЕУ и НАТО во моментов бараат проширување со Западен Балкан, а ГЕРБ го започна овој процес. Петков ќе оди утре во Советот и ќе каже дека некој од Софија му пречи. Петков ќе се крие и ќе се плаши. Француското претседателство ја направи најдобрата рамка и таа не може да биде подобра“, истакна бившиот премиер Борисов.
Борисов истакна дека актуелната влада не направила ништо за Протоколот, кој е составен дел на францускиот предлог.
„Ако имаме премиер да свика седница, ќе влеземе ние 59 пратенции на ГЕРБ. Сакаме да го решиме прашањето со Македонија пред гласањето, да не се срами Бугариија“, нагласи тој.