Свет

Москва: Подготвуваме контрамерки

Кремљ повторно зборуваше за санкциите воведени од Литванија за стоки од Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека санкциите на Европската унија, поради кои Литванија воведе забрана за транзит на стоки од континентална Русија до руската енклава Калининград, се „апсолутно неприфатливи“ и додаде дека се размислува за контрамерки.

„Властите на Руската Федерација се убедени дека ограничувањето на транзитот до Калининград преку територијата на Литванија е во спротивност со основните документи“, рече Песков, пренесува ТАС С.

Тој додаде дека конкретните опции за одговор на ограничувањето на транзитот кон Калининград се уште се разговараат и се разгледуваат различни мерки.

Литванските власти на 18 јуни објавија дека на тој ден ќе стапи на сила забраната за транзит на стоки под санкции на ЕУ преку нивна територија до руската енклава Калининград, а веста за забраната ја објави гувернерот на регионот, Антон Аликанов.

На списокот на санкции на ЕУ се јаглен, метали, градежни материјали и напредна технологија, а Аликанов рече дека забраната ќе опфати околу 50 отсто од артиклите што ги увезува Калининград.

To Top