Свет

Приоритет на Русија е да избегне нуклеарна војна

Безусловниот приоритет на Русија е да спречи директен конфликт меѓу нуклеарните држави, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Како што рече, тоа е примарна цел, имајќи ги предвид ризиците од ескалација на украинската криза и севкупната непредвидливост на ситуацијата во светот.

Според него, сега има голема потреба да се обезбеди стратешка стабилност, да се задржи режимот на неширење на оружјето за масовно уништување и да се подобри ситуацијата во областа на контролата на оружјето.

Дипломатот предупреди дека во догледна иднина не може да се исклучи можноста за продлабочување на кризите во оние делови од светот каде што САД сакаат да ја постигнат својата доминација.

„Пред сè, гледаме раст на конфликтниот потенцијал во азиско-пацифичкиот регион“, рече Рјабков, а пренесува „Спутник“.

На почеток