Свет

(ВИДЕО) Руската рафинерија Новошахтинск е затворена по нападот

Нафтената рафинерија Новошахтинск во руската Ростовска област, која граничи со Украина, денеска престана да работи откако два дрона ги нападнаа нејзините капацитети од правец на „западната граница“, се вели во соопштението на рафинеријата, пренесува Ројтерс.

На снимките од социјалните мрежи се гледа како дронот лета кон рафинеријата, која се наоѓа на само осум километри од границата со Украина, наведува британската агенција.

“Пожарот во рафинеријата Новошахтинск избувна веднаш откако два украински беспилотни летала беа забележани над централата. Еден од нив падна на постројката за пренос на топлина, по што избувна пожар. Другиот дрон одлета”, изјавија неименувани извори од локалните власти. ТАС С.

Пожарникарите го изгаснале пожарот, пренесе Интерфакс.

На почеток