Додик: БиХ не стои зад иницијативата за Сребреница
Милорад Додик го информираше Генералното собрание на ОН дека БиХ не стои зад иницијативата ОН да усвојат резолуција за осуда на „геноцидот во Сребреница“.
Причината е затоа што во БиХ нема консензус за тоа, изјави советничката на Додик, Ана Тришиќ Бабиќ.
Бабиќ истакна дека во писмото до претседателот на Генералното собрание на ОН, Абдула Шахид, Додик изјавил дека за тоа не се разговарало, односно дека се работи за лажно претставување, пренесува РТРС.
Таа за „Глас Српске“ прецизира дека невладината организација „Работна група за БиХ“ кон крајот на мај испратила контроверзна иницијатива до ОН и оти проблемот е што постојаната мисија на БиХ во Њујорк, предводена од Свен Алкалај, врз основа на упатствата министерката за надворешни работи во Советот на министри Бисера Турковиќ, нивната иницијатива ја претставува како барање на БиХ.
Бабиќ наведува дека Додик во писмото до Шахид посочил дека „Алкалај има кривична пријава за неуставно однесување и дека сите овие наводи на кои тој инсистира водат до превирања“.
„Тој едноставно наведе во писмото дека БиХ не стои зад целата таа акција“, посочи Бабиќ.
Според неа, сите овие обиди сега се во фаза на ставање крај на спорниот документ на дневен ред за да можат земјите-членки на ОН да гласаат за него на Генералното собрание.