ФОТО: Дрво падна во Жена парк, во близина на клупа и минувачи
Од
Објавено на
Дрво падна среде Жена парк во центарот на Скопје во близина на клупа. Очевидци за „Скопје1“ велат дека во моментот на паѓањето, во негова близина имало минувачи, но и луѓе на клупата. Според нив, избегната е несреќа.
„Веројатно слушнаа дека почнало да крцка и станаа се тргнаа. Секунди беа во прашање. Добро е што нема повредени, да беше голема несреќа“, велат очевидци.
Ова не е првпат да се случуваат вакви инциденти во централното градско подрачје. Пред еден месец на Ленинова падна дрво кое оштети две возила. При големи невремиња, скопјани се постојано сведоци на откорнати дрвја и гранки.