Свет

„Нивниот отпор е бесмислен, залуден“, велат проруските сепаратисти

Проруските сепаратисти денеска оценија дека отпорот на украинските сили во градовите Лисичанск и Северодонецк е „залуден“.

„Нивниот отпор е бесмислен, залуден. Мислам дека со темпото на нашите војници, целата територија на Луганската Народна Република ќе биде ослободена многу брзо“, изјави за Франс прес, потполковник Андреј Мароко.

Според него, Лисичанск е опколен, а руските и сепаратистичките сили имаат „логистичка контрола“.

Тој додаде дека украинските војници во Лисичанск ќе мора да се повлечат бидејќи во спротивно ќе бидат убиени или заробени.

На почеток