Свет

Ако ја срушиме владата на Македонија, тогаш Петков е сојузник на Путин на Балканот, вели Борисов

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ја повика владата итно да го достави до парламентот ажурирањето на буџетот и францускиот предлог за Северна Македонија, пишуваат медиумите во Бугарија.

„Денеска очекувавме одлуката на ГЕРБ да и се даде зелено светло на РСМ да влезе во пленарната сала без шеги и трикови. Ова е од витално значење за Западен Балкан“, рече поранешниот премиер од седиштето на ГЕРБ.

„Од утрово ги слушаме обвинувањата на премиерот. Знаеме, како партија, дека ова е најдобро за Бугарија и за Северна Македонија“, рече Борисов, повикувајќи ги властите: „Ги молам да го стават во салата и да го соберат успехот на целиот Европски совет“.

Лидерот на ГЕРБ, како што пишуваат медиумите, признал дека во протоколот што треба да се потпише има работи што треба да се разјаснат, но „идните генерации ќе знаат дека Бугарија не е причината за суспензијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ“, кажал Борисов.

„Денеска е историски ден за Европа и светот, бидејќи има можност Украина, Молдавија, Северна Македонија, Албанија и Грузија со различни статуси да влезат во Унијата и да ја направат посилна. Ние сме убедени Европејци и тоа е најправилното нешто што треба да се направи“, бил категоричен Борисов.

Тој, според тамошните медиуми, не го криел гневот, испровоциран од зборовите на Кирил Петков дека денеска не може да се започне процесот.

„Да не ја рушиме владата на Северна Македонија и да не правиме штета. Ако тоа се случи, вие господине Петков сте сојузник на Путин на Балканот! Затоа, ве молиме нарачајте вашата партија да придонесе, да биде лидер, ние ќе ја поддржиме. Денеска ќе одите со донесена одлука и сите ќе ви аплаудираат“, му порачал тој на премиерот.

На почеток